Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
10 Мај 2019•Ажурирај: 13 Мај 2019
ИДЛИБ (АА) - Во Сирија, Башар ал Асад и терористичките групи поддржани од Иран во операцијата што ја започнаа во јужниот дел на зоната за намалување на тензиите во Идлиб, продолжуваат да заземаат територии, кршејќи го договорот за Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Војниците на режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран, по интензивните судири со Слободната сириска војска (ССВ) синоќа ги зазедоа селата Ел Киркат, Тувејне и Калето Мадик, кои се наоѓаат во јужниот дел на зоната за намалување на тензиите во Идлиб.
Режимските сили истовремено започнаа и напади во селото Шерија, а силните судири таму сè уште продолжуваат.
Режимските сили кои напредуваат од копно, поддржани се од руските воени авиони.
Во изјавата од Центарот за набљудувања авиони, кој припаѓа на опозицијата, се истакнува дека нападите врз селото Шерија се придружувани од руските воени авиони.
„Руските воени авиони полетаа од базата Химејмим“, се вели во соопштението.
- Операција за одмазда од Слободната сириска војска
Воената опозиција започна операција за враќање на областите Кефренбуде и Камен Рид заземени вчера од страна на режимските сили. Се случуваат насилни судири околу областа.
Режимот на Асад го зазеде селото Ел Џенабире во северниот дел на Хама и стратешкото место Ридот на Осман пред три дена.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, Идлиб и околината ги прогласија за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.
Режимот, со помош на поддржувачите, и покрај Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година, продолжува со нападите. Во рамките на договорот од Астана, Русија и Иран имаат обврска да го заштитат прекинот на огнот во регионот.
Вчера, министерот за надворешни работи на Турција, Чавушоглу, од неговиот руски колега Лавров побара да се запрат нападите во Идлиб. Потоа, Лавров во вчерашните утрински часови информираше дека нападите се запрени.