Oktaj Omeragikj
31 Мај 2021•Ажурирај: 01 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), според последните податоци, е причина за смртта на 3.557.998 луѓе во светот. Досега Ковид-19 е детектиран кај 171.085.015 лица, а оздравеа 153.226.990 лица претходно позитивни на коронавирусот, известува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број заразени во светот. Во оваа земја детектирани се 34.043.068 случаи на заразување со Ковид-19.
Земји во светот во кои бројката на заразени со Ковид-19 изнесува над 1 милион се: Индија со 28.047.534 заразени, Бразил со 16.515.120, Франција со 5.666.113, Турција со 5.242.911, Русија со 5.071.917, Велика Британија со 4.484.056, Италија со 4.216.003, Аргентина со 3.753.609, Германија со 3.687.715, Шпанија со 3.668.658, Колумбија со 3.383.279, Иран со 2.913.136, Полска со 2.872.283, Мексико со 2.412.810, Украина со 2.202.494, Перу со 1.955.469, Индонезија со 1.821.703, Јужноафриканската Република со 1.662.825, Чешка со 1.661.272, Холандија со 1.647.418, Канада со 1.378.971, Чиле со 1.377.507, Филипини со 1.230.301, Ирак со 1.197.082, Романија со 1.077.737, Шведска со 1.068.473 и Белгија со 1.061.200.
Во исто време, САД се и земја со најголем број смртни случаи предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус во светот. Ковид-19 е причина за смртта на 609.544 лица во Соединетите Американски Држави.
Земји во светот во кои од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубиле над 50.000 луѓе се Бразил со 462.092 починати, Индија со 329.127, Мексико со 223.507, Велика Британија со 127.781, Италија со 126.046, Русија со 121.501, Франција со 109.402, Германија со 89.051, Колумбија со 88.282, Иран со 80.156, Шпанија со 79.905, Аргентина со 77.456, Полска 73.745, Перу 69.342, Јужноафриканската Република со 56.439, Индонезија со 50.578 и Украина со 50.536 лица починати од Ковид-19.
Во моментов во светот има 14.300.027 активни случаи на заразеност со Ковид-19, од кои 91.801 заразен се наоѓаат во тешка здравствена состојба.