Burcu Çalık
20 Јули 2019•Ажурирај: 21 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) неутрализираа тројца терористи во рамките на воздушната операција реализирана во Метина, во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција објавено на Твитер, во координација со операцијата „Канџа“, реализирана е воздушна операција во подрачјето Метина, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак.
Во рамки на операцијата погодени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција и разни видови оружје, а неутрализирани се и тројца терористи.