Tufan Aktaş
07 Јули 2021•Ажурирај: 08 Јули 2021
ИСТАНБУЛ
Според изјавата дадена од Организацијата за храна и земјоделство при ОН (ФАО), милиони луѓе се соочуваат со голем проблем за храна поради конфликтите во државата Тиграј, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што се проценува, во регионот, 90 проценти од земјоделските производи не можат да се соберат поради грабежите, пожарите и уништување, додека 15 проценти од 17 милиони говеда и ситен добиток биле украдени или заклани.
Заклучно со јуни 2021 година, 5,5 милиони луѓе во Тиграј, Амхара и Афар се соочуваат со високо ниво на несигурност за храна, а 350.000 од нив директно се соочуваат со глад.
Организацијата за храна и земјоделство при ОН (ФАО) предупреди дека хуманитарната криза во регионот е на алармантно ниво.
ФАО исто така посочи дека и локалната економија е уништена.
- САД повикуваат на прекин на огнот на неопределено време
Од друга страна, американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, вчера во телефонски разговор со етиопскиот премиер, Абиј Ахмед, наместо на едностран прекин на огнот повика за прекин на огнот на неопределено време прогласен со преговори. Блинкен исто така побара од Тиграј да се повлечат еритрејските сили и милициите на Амхара.
Етиопската Влада на 28 јуни соопшти дека прогласила едностран прекин на огнот во Тиграј.
Меѓу другото, етиопската Влада тврди дека ги заробиле бунтовниците на Народниот фронт за ослободување на Тиграј (TPLF).