İdiris Okuduci
07 Јули 2021•Ажурирај: 08 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку три лица се ранети во ракетен напад врз воената база „Ајн ал Асад“ во Ирак, во која се наоѓа и американската Војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во 12:30 часот по локално време, базата Ајн ал Асад е нападната со 14 ракети. Ракетите паднаа врз базата и околината. Според првите информации, три лица се полесно повредени“, напиша на својот профил полковникот Вејн Марото, портпарол на американската коалиција против ДЕАШ.
Одговорност за денешниот ракетен напад врз базата Ајн ал Асад во Ирак, во која е сместена и американската војска, ја презеде засега непозната шиитска милиција под името „Осветничка бригада на одмаздници Ал-Мухандис“, именувана по убиениот Ебу Махди ал-Мухандис, заменик началникот на Хашди Шаби.
Во соопштението објавено на профилите на социјалните мрежи на шиитските милициски групи за кои се знае дека се блиски до Иран, се споделени информации за нападот врз базата Ајн ал-Асад.
Меѓународниот аеродром во Ербил, на кој се сместени американските војници, вчера беше нападнат со дронови на кои биле прицврстени бомби.