Alaattin Doğru
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
ПАРИЗ (АА) - Истражувањето спроведено во Франција покажа дека 7 од 10 Французи немаат доверба во администрацијата на претседателот Емануел Макрон во борбата со вториот бран на Ковид-19 и сметаат дека владините мерки не се доследни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според анкетата на компанијата за истражување „YouGov“ реализирана за „Хафингтон пост“ на 2-3 ноември, само 29 проценти од Французите имаат доверба во Владата за тоа како се справува со вториот бран на епидемијата.
Седумдесет и три проценти од испитаниците сметаат дека чекорите на Владата во врска со полицискиот час се недоследни, додека 7 од 10 анкетирани изјавиле дека не ѝ веруваат на Владата во однос на тоа како се справува со вториот бран на епидемијата.
Во однос на затворање на фризерските салони и библиотеките, 52 проценти од испитаниците се изјасниле дека не се согласуваат со владините мерки за нивно затворање.
- Довербата во Макрон се намалува -
Во анкетата спроведена во Франција на 1 ноември, 26 проценти од анкетираните се уверени дека безбедносните мерки преземени од Владата ќе ги заштитат од тероризам или други напади.
Просекот на 7-те анкети на доверба направени во септември покажа дека довербата во претседателот Емануел Макрон се намалила од 41 процент претходниот месец на 38,7 проценти.