Yusuf Özcan
10 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ПАРИЗ (АА) - Во Франција утре ќе биде одржан прв круг на парламентарни избори, на кои ќе се бираат пратеници во парламентот, јавува Anadolu Agency (AA).
Французите утре ќе излезат на гласачките места за да изберат 577 пратеници во парламентот на таа земја, а за место во францускиот парламент во трката ќе бидат 7.882 кандидати.
Кандидатите кои во првиот круг ќе имаат минимална поддршка од 50 отсто гласови директно влегуваат во парламентот, додека за оние кои нема да остварат поддршка ќе биде одржан и втор круг на парламентарни избори.
Вториот круг ќе биде одржан на 18 јуни, а на трката во другиот круг на избори ќе има кандидати кои во првиот освоиле минимално 12,5 отсто од гласовите.
Право на глас на парламентарните избори имаат 47,3 милиони Французи.
Со оглед дека во Франција на сила е вонредната состојба, на вкупно 69.000 гласачки места, за безедноста ќе бидат задолжени околу 50 илјади припадници на полицијата, жандармеријата и војската.
Овие избори се важни од аспект што на тој начин новиот претседател на таа земја Емануел Макрон, доколку добие мнозинство на изборите ќе може да оформи влада.
Партијата на Макрон ”La Republique En Marche” (REM) (Напред!) на гласачите ќе ги понуди своите 428 кандидати.
Анкетите покажуваат дека РЕМ ќе го добие потребното мнозинство. Анкетата на организацијата за истражување на јавното мислење Opinionway-Orpi покажува дека партијата на Макрон ќе добие меѓу 310 и 330 пратенички места.
Републиканската партија (LR) би можела да биде втора со 140 до 160 пратенички места, додека се претпоставува дека на трето место ќе биде Социјалистичката партија (PS) со 25-30 места.
Националниот фронт (FN) би можел да има 10-15 претставници во парламентот.