Zehra Ulucak
12 Март 2018•Ажурирај: 13 Март 2018
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку пет лица загинаа при пад на хеликоптер во река во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Федералната канцеларија за цивилно воздухопловство на САД соопшти дека хеликоптерот со шест лица се урнал во Ист Ривер, северно од островот Рузвелт.
Полицијата на Њујорк соопшти дека во несреќата животот го загубиле пет лица, а пилотот го преживеал падот.
Во соопштението се наведува дека две лица загинале на местото на несреќата, а три тешко повредени починале на патот до болница.
Истрагата за причините за несреќата е во тек.