Sorwar Alam
12 Март 2018•Ажурирај: 13 Март 2018
КИРКУК (AA) – Најмалку десет цивили се убиени во нападот, кој припадници на терористичката организација ДЕАШ го извеле на ирачкиот автопат помеѓу Киркук и Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициски офицер од Дијала, Хабиб ал-Шамри, за АА рече дека група терористи поставиле импровизиран контролен пункт на автопатот во близина на местото Ал Азим и запреле неколку возила.
Истиот извор јавува дека терористите убиле најмалку 10, а раниле најмалку 5 цивили.
Набргу по нападот, терористите избегале од местото на настанот, а ирачките сили воспоставиле контрола на патот и ги згрижиле ранетите цивили во болница.
Иако терористичката организација ДЕАШ на северот на Ирак е поразена во текот на минатогодишната операција на ирачките сили и меѓународната коалиција, и понатаму во регионот трае борбата против таканаречените „заспани ќелии на ДЕАШ“.