ЊУЈОРК
Изложбата на која се претставени наградените фотографии од меѓународниот натпревар за фотографија „Istanbul Photo Awards 2021“, организиран од Агенција Анадолија (АА), се отвори „Туркеви“ во Њујорк.
На отворањето на изложбата присуствуваа членот на Управниот одбор на Агенцијата Анадолија доц. д-р Исмаил Чаглар, и заменик генералниот директор Огуз Енис Перу.
Феридун Синирлиоглу, постојаниот претставник на Турција во ОН, во своето обраќање на отворањето на изложбата рече дека изложбата „Istanbul Photo Awards 2021“ е првиот културен настан што се одржува во „Туркеви“.

„Задоволни сме што секоја година се зголемува интересот за натпреварот за фотографија што ја организира Агенција Анадолија“, рече Синирлиоглу.
Наведувајќи дека изложбата вклучува фотографии што ги одразуваат катастрофалните ефекти на Ковид-19 од перспектива на различни фотографи, стравот на лицата на луѓето од непознатото, како и креативноста, посветеноста и одлучноста, Синирлиоглу рече дека некои фотографии го откриваат страдањето на оние кои ги загубиле своите сакани во војни и катастрофи, а на некои се забележани и ефектите од климатските промени.
„На некој начин, оваа изложба е олицетворение на некои од најголемите предизвици со кои се соочуваме како човештво. Се надевам дека изложбата ќе ја зајакне нашата колективна волја за решавање на многу прашања праведно, инклузивно и брзо“, нагласи Синирлиоглу.
Огуз Енис Перу, заменик-генералниот директор на Агенција Анадолија (АА), во своето обраќање, се осврна на делото насловено „Љубовта на мајката“ на фотографот од Бангладеш Мухамед Шајахан, кој беше избрано за „Фотографија на годината“, велејќи дека оваа фотографија е „епско резиме“ на пандемијата од коронавирус која се појави во 2019 година и влијаеше врз животот на сите.
„Најважниот настан минатата година несомнено беше епидемијата Ковид-19 што го зафати светот. Шајахан со оваа фотографија го освои првото место на меѓународниот натпревар за фотографија ‘Istanbul Photo Awards‘“, нагласи Перу.

Перу истакнувајќи дека наградените фоторепортери со нивните дела ги откриваат настаните во воени, конфликтни и катастрофални региони како што се Азербејџан, Сирија и Либан, рече: „Веруваме дека фотографијата има моќ да ги достигне сите граници, и како Агенција Анадолија, ѝ придаваме големо значење на фотографијата.“
Посочувајќи дека „Istanbul Photo Awards“, што се одржа по 7-ми пат оваа година, се повеќе е познат по целиот свет, Перу информираше дека оваа година на конкурсот учествувале фотографи од 96 различни националности со приближно 15.000 фотографии.
Истакнувајќи дека наградените фотографии се изложени во Њујорк по 5-ти пат, Перу рече дека по „Туркеви“, фотографиите ќе бидат изложени во Обединетите нации.
На отворањето присуствуваше и фотографот Ален Шредер, кој го освои првото место во категоријата „Серија фотографии од спортот“ со својата серија за националниот спорт на Киргистан „Kok Boru“.
Раскажувајќи ја приказната за неговите фотографии на дописникот на АА, Шредер рече: „Отидов во Киргистан во март 2020 година, требаше да останам само 3 недели, но кога започна епидемијата на Ковид-19, морав да останам таму 6 месеци. Во првите 3 недели пред да започне епидемијата патував низ земјата и направив неколку фотографии. Потоа не можев да фотографирам 3-4 месеци. Кога повторно се дозволи патувањето низ земјата, патував во планински и други прекрасни области. Направив неколку фотографии. Во ноември и декември повторно отидов таму и ги направив овие фотографии.“
Шредер исто така додаде дека е исклучително среќен што освои награда со фотографиите што ги направи додека беше заглавен во Киргистан за време на епидемијата.

Џејмс Велфорд, кој беше меѓу членовите на жирито на „Istanbul Photo Awards“ во 2016 година и во моментов е уредник на „National Geographic“, изјави: „Благодарам за поканата на изложбата. Задоволство ми е што доаѓам овде и ќе ја видам изложбата. Имате многу категории, тоа е прекрасно“.
На отворањето на изложбата присуствуваа и Генералниот конзул на Турција во Њујорк, Рејхан Озгур, како и претставници на странските мисии и новинари.
Хакан Чопур, уредникот на Агенција Анадолија за Америка, гостите ги информираше за изложбата.
Изложбата „Istanbul Photo Awards“ ќе биде претставена и во седиштето на ОН од 20 до 29 октомври.
Официјален спонзор на изложбата се „Туркиш ерлајнс“ и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).
news_share_descriptionsubscription_contact
