Barış Seçkin
22 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
РИМ (АА) - Осудениот водач на мафијата, во бегство, Џузепе Даиноти беше убиен во центарот на Палермо, пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за лидерот на мафијата што во судскиот процес во отсуство, во 2014 година, беше осуден на доживотен затвор и кој оттогаш е недостапен за италијанските органи на прогонот.
Италијанските медиуми објавија дека 67-годишниот Даиноти е убиен рано утринава, во сицилијанскиот град Палермо, додека возел велосипед во центарот на градот.
Новинската агенција АНСА објави дека Даиноти беше убиен поради внатрешно несогласување во мафијата.
Даиноти во 90-тите години на минатиот век беше главен лидер на сицилијанската мафија Коза Ностра за трговија со дрога.