İdiris Okuduci
14 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
ДИЈАЛА (АА) – Шест лица загинаа и шест се повредени во нападот изведен од терористичката организација ДЕАШ во куќа во ирачката покраина Дијала, на истокот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицискиот службеник од Дијала, капетан Џафер ел Ваили, во изјавата за АА рече дека ДЕАШ извршил вооружен напад врз куќа во селото Дар,а во областа Ханекин.
Ваили соопшти дека во нападот загинале шест лица, и дека 6 лица се повредени.
Исто така, наведено е дека безбедносните сили утринава започнале операција во регионот за апсење на терористите на ДЕАШ.
Во јуни 2014 година, ДЕАШ целосно ги освои ирачките покраини Мосул, Салахадин и Анбар, како и одредени делови од покраините Дијала и Киркук. Овие области во текот на годините повторно беа вратени назад.
Поранешниот ирачки премиер Хајдар ал-Ибади на 9 декември 2017 година соопшти дека е постигната победа над оваа терористичка организација.
Иако поминаа 3 години откако терористичката организација ДЕАШ беше расчистена од регионот и градовите беа вратени назад, нападите на оваа терористичка организација во руралните области на покраините Киркук, Дијала, Мосул, Салахадин и Анбар продолжија.