Handan Kazancı
14 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, денес ќе пристигне во Истанбул во дводневна работна посета на Турција, соопшти турското Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зариф ќе престојува во Истанбул на 14 и 15 јуни, се вели во соопштението на Министерството.
„За време на посетата, ќе се разговара за сите аспекти на нашите билатерални односи и ќе се разменат ставовите за регионални и меѓународни прашања“, се додава од Министерството.
Денес, во посета на Турција престојуваат и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.