Ruslan Rehimov
12 Март 2021•Ажурирај: 13 Март 2021
БАКУ (АА) - Војската на Азербејџан на 15 март ќе одржи вежба во која ќе учествуваат 10.000 војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.
Во соопштението се нагласува дека според планот одобрен од азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, вежбата ќе се одржи во планинскиот регион, а во неа ќе учествуваат 10.000 војници.
Се вели дека во вежбата ќе учествуваат 100 тенка и оклопни возила, 200 различни видови ракетни и артилериски системи, 30 авиони и хеликоптери, како и беспилотни летала.
Во рамки на вежбата ќе се организираат обуки за борба против терористички групи и илегални вооружени банди.
Според соопштеното, вежбата ќе започне на 15 март и ќе трае до 18 март.