Ruslan Rehimov
10 Октомври 2020•Ажурирај: 11 Октомври 2020
БАКУ
Ерменската Војска продолжува со извршување напади врз цивилните населени места на Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан, објавено по прогласувањето на примирјето, се нагласува дека ерменската Војска отворила оган кон градовите Агдам и Тертер.
Инаку, денес во 12:00 часот по локално време стапи во сила хуманитарното примирје постигнато помеѓу Азербејџан и Ерменија, со цел размена на трупови и заложници.