Aida Cako
28 Август 2025•Ажурирај: 29 Август 2025
АТИНА (АА) - Конфедерацијата на синдикати на работниците во јавниот сектор во Грција започна 24-часовен штрајк против Предлог-законот со кој ќе се воведат нови дисциплински правила за вработените во јавниот сектор, јавува Анадолу.
Додека за Прелдог-законот се дискутира во Парламентот, на плоштадот „Синтагма“ во главниот град Атина се одржа протест.
Конфедерацијата тврди дека регулативата ќе ја криминализира синдикалната активност и ќе ги ограничи правата на работниците.