Seyit Ahmet Aytaç
30 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
КАРАКАС (АА) - Врховниот суд на Венецуела забрани напуштање на земјата и ги замрзна финансиските средства на лидерот на опозицијата и самопрогласениот претседател на таа јужноамериканска земја, Хуан Гваидо, јавува Anadolu Agency (AA).
Врховниот судија Маилел Морено соопшти дека е започната истрага и дека на Гваидо му се изречени мерки на забрана заради заштита на интегритетот на државата.
Претходно, главниот венецуелски обвинител, Тарек Сааб, побара од Судот да му забрани на Гваидо напуштање на земјата и против него да започне истрага.
Венецуела е средиште на масовни протести што ги предводи опозицијата, која има мнозинство во Парламентот на таа земја.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја поддржа венецуелската опозиција и нејзиниот лидер Хуан Гваидо, кој на 23 јануари се самопрогласи за шеф на државата.
Покрај САД, опозицијата на Венецуела во преземањето на власта ја поддржаа и Израел, Бразил, Аргентина, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Еквадор, Гватемала, Панама и Парагвај.
Од друга страна, Турција, Иран, Русија, Кина, Боливија, Мексико, Куба и уште некои земји и понатаму го признаваат легитиметот и ја поддржуваат власта на избраниот претседател на Венецуела Николас Мадуро.