Seyit Ahmet Aytaç
30 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати од пукањето на браната во рударскиот комплекс за железна руда во југоисточниот дел на Бразил се зголеми на 84 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според јавувањата на медиумите, други 275 лица се водат за исчезнати откако во петокот се урна браната во Општина Брумадињо.
Лоциран во државата Минас Жераис, Брумадињо се наоѓа на 450 километри северно од Рио де Жанеиро.
Бразилскиот рударски гигант „Vale SA“, кој управува со браната, го потврди нејзиното уривање.
За време на инцидентот, вработените во рудникот биле на пауза за ручек.
Околу 3.000 луѓе се евакуирани како мерка на претпазливост бидејќи постоеше опасност блиската брана да пукне.