Ömer Tuğrul Çam
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги откажа своите посети во Германија и Романија поради болест, односно инфекција од херпес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информацијата до која дојде АА од надлежно лице на НАТО, Столтенберг нема да ја реализира посетата на Германија која беше планирана за денес, и на Романија која беше планирана за утре.
Столтенберг извесно време ќе работи оддома, а на планираните програми ќе учествува преку телеконференција.
Надлежниот претставник на НАТО истакна дека Јенс е дијагностициран со херпес, инфекција која, според него, може да се појави по заразување со Ковид-19.
Инаку, Столтенберг беше планирано денеска да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и германската министерка за одбрана, Кристин Ламбрехт во Берлин, а утре беше планирано да учествува на Самитот Букурешт-9 во Романија.
Генералниот секретар на НАТО на почетокот на мај беше заразен со Ковид-19.