Cüneyt Karadağ
16 Јуни 2017•Ажурирај: 17 Јуни 2017
БЕРЛИН (АА) - Будистички свештеник од германскиот град Аугсбург призна дека повеќе години злоставувал деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат локалните медиуми, свештеникот чие име не беше обелоденето, повеќе од десет години злоставувал деца на возраст меу четири и 13 години.
Наводно, тој поседува околу 2.800 фотографии и видеозаписи со детска порнографија, а може да добие казна и до 15 години затвор. Обвинителството докажа и дека се злоставувани две деца од жена чиј маж починал, а со неа свештеникот имал близок однос.
Тој е затворен од минатата година, а се наведува и дека силувал една бегалка која била сместена во црквата.