Ekipa
16 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
БЕЈРУТ (АА) - Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупредува дека недостатокот на средства ја загрозува помошта за околу девет милиони сириски деца, како во земјата така и надвор од неа, јавува Anadolu Agency (AA).
Од УНИЦЕФ наведуваат дека буџетската разлика од 220 милиони долари (околу 196,8 милиони евра) за програмите за помош на Сирија е најголемата со којашто фондот се соочил од почетокот на војната. УНИЦЕФ упати барање за обезбедување 1,4 милијарди долари (околу 1,25 милијарди евра) во 2017 година, за помош и образование на сирачињата, раселените деца, повредените или оние деца кои на друг начин се погодени од војната во Сирија.
Во соопштението објавено денес од УНИЦЕФ се вели:
„Ако не се вбризгаат нови средства, некои клучни спасувачки активности ќе бидат доведени во сериозен ризик да бидат прекинати, што ќе доведе до тешки последици за децата на Сирија“.
Се додава дека речиси шест милиони деца во Сирија имаат потреба од помош, додека на околу 2,3 милиони им треба помош во соседните земји.