Erbil Başay
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
БЕРЛИН (АА) - Во првите шест месеци од оваа година во Германија се забележани 642 напади врз бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на германското Министерство за внатрешни работи, во првите три месеци од оваа година регистрирани се 318 напади врз бегалците во таа земја. Исто така, во изминатите три месеци од оваа година забележани се уште 324 напади.
Меѓу регистрираните напади се наоѓаат и навреди упатени кон бегалците, а повредени се 123 лица.
Преставничката на левичарската парија „Die Linde“, Ула Јелпке, потсети дека во истиот период минатата година биле забележани повеќе од 1.500 напади врз бегалците.
Таа укажа на тоа дека и покрај намалувањето на нападите во однос на минатата година тој број бил сѐ уште многу голем.
Јелпке додаде дека на бегалците и понатаму им се заканува опасност од расистите и нацистите.