Cüneyt Karadağ
28 Јули 2021•Ажурирај: 30 Јули 2021
БЕРЛИН (АА) - Најмалку 2 лица загинаа, а 31 се повредени по големата експлозија која се случи вчера во хемиска фабрика во западногерманскиот град Леверкузен, додека 5 лица сѐ уште се водат како исчезнати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меѓу исчезнатите, наводно, е и еден Турчин кој работел во фабриката.
Експлозијата во Чемпарк, еден од најголемите индустриски паркови за хемиски компании во земјата, испушти огромни количества темен чад во воздухот.
Властите ги советуваа жителите на неколку окрузи да не излегуваат надвор и да не ги отвораат прозорците поради стравување од отровни гасови.
Градските власти, исто така, одлучија да ги затворат и игралиштата, и ги советуваа жителите да не консумираат овошје и зеленчук од своите градини поради тековните тестови за квалитетот на воздухот.
Причината за експлозијата сѐ уште не е јасна.