Emre Gürkan Abay
27 Јули 2021•Ажурирај: 29 Јули 2021
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, истакна дека глобалната економија закрепнала од ефектите на епидемијата, но дека ризиците од инфлација продолжуваат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Путин на состанокот што го одржа со руските официјални лица преку видеоконференција направи проценки за актуелните проблеми во економијата на земјата.
Изјавувајќи дека инфлацијата во САД надминала 5 проценти, Путин рече: „САД веќе две години имаат дефицит од 15 проценти. Добро, како го затвораат овој буџетски дефицит? Со печатење пари. А тоа предизвикува инфлација. Имајќи ја предвид важноста на американската економија и доларот како резервна валута, тоа што САД печатат долари за да го затворат буџетскиот дефицит влијае на целата глобална економија.“
Објаснувајќи дека треба да има консултации за тоа како руската економија се ослободила од ефектите на епидемијата на Ковид-19, Путин додаде: „Можеме да видиме дека закрепнувањето во глобалната економија продолжува како целина, но ризиците од инфлација продолжуваат.“
Путин посочи дека инфлацијата во Русија не е на значително ниво, но дека сепак е над целните нивоа. „Владата и Централната банка на Русија со макроекономски чекори и секторски регулативи ќе преземат чекори во однос на инфлацијата. Важно е сите преземени чекори да бидат координирани и избалансирани“.