Erbil Başay
06 Јуни 2019•Ажурирај: 09 Јуни 2019
БЕРЛИН (АА) - Во Германија, Државниот суд во Олденбург го осуди негувателот Нилс Хогел на доживотен затвор за убиство на 85 пациенти во болниците „Делменхорст“ и „Олденбург“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Судот, Себастијан Бурман, читајќи ја одлуката на Судот, злосторството на Хогел го опиша како „неверојатно“, и додаде: „Не можам да верувам во тоа што го направивте.“
Бурман истакна дека Хогел е осуден на доживотен затвор за убиство на 85 пациенти.
Нагласувајќи дека во текот на парницата во Судот не успеал да најде одговори на сите прашања, Бурман истакна: „Не успеавме да ги откриеме сите детали во случајот. Тоа нас нѐ вознемирува.“
Хогел (42), според обвинението на Обвинителството, во периодот 2000 - 2005 година убил 100 пациенти. Судот, поради недостиг на докази, Хогел го ослободи од 15 случаи.
Во текот на судењето Хогел за 43 случаи ја признал вината и им се извинил на роднините на пациентите.
Хогел, за да се покаже како херој пред колегите, на тешко болните пациенти им ставал инјекции, а потоа се обидувал да ги спасува. Констатирано е дека голем број пациенти во тоа време починале.
Во 2015 година тој беше осуден на доживотен затвор за убиство на двајца пациенти во друг случај.