Cüneyt Karadağ
14 Април 2022•Ажурирај: 14 Април 2022
БЕРЛИН (АА) - Во Германија започна истрага против 12 лица кои наводно планирале да го киднапираат министерот за здравство, Карл Лаутербах, јавува Агенција Анадолија (АА).
Федералното обвинителство отвори истрага против 12 члена на групата Кверденкер поради наводно планирање за киднапирање на министерот за здравство. Групата е позната по тоа што организираше протести против мерките воведени со цел намалување на ширењето на вирусот Ковид-19.
Во рамките на истрагата извршени се претреси на 21 адреса во различни делови на Германија, а 4 лица се уапсени.
Потврдено е дека споменатите лица, кои го основаа Патриотскиот сојуз на социјалната мрежа Телеграм, имале за цел да го киднапираат министерот за здравство, во акција која ја нарекле „Операција Клабаутерман“.
Федералното обвинителство, исто така, наведе дека споменатата група собрала 12.000 евра и дека со тие пари имала намера да купи оружје и муниција.