Cüneyt Karadağ
07 Април 2021•Ажурирај: 08 Април 2021
БЕРЛИН (АА) - Маиде Т., мајката на Нилуфер Т., која беше киднапирана од терористичката организација ПКК во Германија, го продолжи протестот пред зградата на Владата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Маиде Т. истакна дека терористичката организација ПКК, од неодамна, користејќи ги социјалните мрежи, се обидува да ги измами младите луѓе.
Таа посочи дека членовите на ПКК повеќе работат на социјалните медиуми поради епидемијата на Ковид-19: „Членовите на ПКК се многу активни на социјалните медиуми. Користејќи ги социјалните медиуми, се обидуваат да носат млади луѓе во организацијата. Никој не треба да падне на тие стапици. Семејствата нека ги заштитат своите деца.“
Повторувајќи го повикот до другите мајки чии деца се киднапирани од терористичката организација да се приклучат на нејзината борба, Маиде Т. рече: „Ако седите дома и ако не се борите, вашето дете нема да се врати. ПКК нема да ги испрати назад. Ајде да ги здружиме нашите сили, да ја водиме оваа борба заедно.“
Таа ја критикуваше рамнодушноста на германските власти кон киднапирањето на нејзината ќерка и истакна дека тоа игнорирање на германските власти ја прави уште поамбициозна.
Обраќајќи се на својата ќерка, Маиде Т. нагласи: „Ќерко, те молам, врати се во топлиот дом. Тие што паднале во рацете на терористичката организација имаат лош крај. Ќерко, те молам, ако го слушнеш мојот повик, јави се.“
Таа, исто така истакна дека нејзината ќерка, кога излегла од нивниот дом во Германија на 12 ноември 2019 година, рекла дека ќе оди на училиште.
Маиде Т. презема активности против терористичката организација ПКК од февруари 2020 година.