Ayhan Şimşek
19 Август 2020•Ажурирај: 21 Август 2020
БЕРЛИН
Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди на можна воена интервенција на Русија во Белорусија и повика на внатренационален дијалог за надминување на политичката криза во која се наоѓа Белорусија, јавува Агенција Анадолија (АА).
По состанокот со лидерите на Европската унија Меркел пред новинарите во Берлин рече дека претседателските избори кои на 9 август беа одржани во Белорусија не беа ниту чесни, ниту слободни и дека ЕУ нема да ги признае изборните резултати.
На прашањето да ја коментира можната улога на Русија во решавањето на кризата во Белорусија и можноста на руската воена интервенција, Меркел рече дека официјален Берлин е во тесна комуникација со Москва за да се избегне такво сценарио.
„Русија и Белорусија имаат многу блиски односи и билатерални договори. Ние секако јасно предупредивме дека воена интервенција на Русија значително би ја искомплицирала ситуацијата", рече Меркел.
Меркел рече и дека Белорусија самостојно би требала да пронајде излез од кризата и тоа врз база на национален дијалог со уважување на барањата на опозицијата.
Таа исто така најави дека членките на ЕУ ќе работат на воведување санкции против оние кои стојат зад изборните измами и насилство против мирните демонстрации во Белорусија.
Александар Лукашенко е на чело на Белорусија 26 години, а на 9 август со 80,1 процент освоени гласови на претседателските избори ја победи противкандидатката Светлана Токановсаја која освои 10,12 отсто од гласовите.
Белоруската опозиција ги отфрли резултатите на Централната изборна комисија и тврди дека изборите биле нерегуларни, а истото го тврдат и демонстрантите кои покренаа низа протести во таа земја.
Тикановскаја в понедеделникот изјави дека е спремна да ја води Белорусија во текот на преодниот период во кој би биле организирани чесни и кредибилни избори.