Beyza Binnur Dönmez
19 Август 2020•Ажурирај: 21 Август 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, се состана со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, а главна тема на разговорите беше јакнењето на соработката помеѓу двете земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Имав пријатен работен состанок со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу“, објави Мадуро на Твитер.
„Разговаравме за агендата за соработка, поддршка и за координираните активности меѓу Турција и Венецуела за благосостојба на нашите народи“, наведе Мадуро.
Од друга страна, турскиот министер Чавушоглу во врска со состанокот на Твитер напиша: „На 70. годишнина од воспоставувањео на нашите односи, пријателството на нашите лидери ќе ја зајакне меѓусебната соработка“.
Турскиот шеф на дипломатијата во Венецуела пристигна вчера и оствари средби со високи претставници, вклучително и со венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза, чија тема беше консолидирање на стратешките заложби по повод 70 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Каракас и Анкара.
Двете земји потпишаа договор со кој ќе се овозможи изградба на станбени единици и болница, како и за испорака на материјали за справување со епидемијата на коронавирусот во јужноамериканската држава, каде што бројот на случаи надмина 35.500.