Ekipa
08 Мај 2018•Ажурирај: 09 Мај 2018
БЕРЛИН (АА) - Неколку стотици полицајци се вклучени во претресот на повеќе адреси во четири германски покраини, а целта на операцијата е прекинување на синџир за криумчарење, јавува Anadolu Agency (AA).
Федералната полиција во Германија соопшти дека мета на операцијата е бандата која најчесто им помага на Молдавците илегално да влезат во Германија и работат со лажни романски документи за идентификација.
Во соопштението се вели дека 800 полицајци учествувале во претресот на 21 деловен и станбен објект во Хамбург, Бремен, Долна Саксонија и Саксонија Анхалт.
За време на синоќешната акција во Хамбург, беа уапсени тројца осомничени, а станува збор за двајца германски и еден руски државјанин. Полицијата бара уште петмина осомничени, меѓу кои има и државјани на Украина.
Најмалку 35 илегални мигранти беа приведени на периферијата на Хамбург.
Од полицијата, исто така, изјавија дека некои членови на криумчарската банда биле поврзани и со радикално-десничарската организација „Граѓани на Рајхот“.