Ahmet Dursun
08 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Во пресрет на денешното објавување на одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, за меѓународниот нуклеарен договор со Иран и можното обновување на санкциите кон Техеран, иранскиот претседател Хасан Рухани порача дека Иран ќе ги надмине сите можни проблеми со кои се соочува, јавува Anadolu Agency (AA).
Рухани го посети Меѓународниот саем на нафта и гас во Техеран и во обраќањето пред присутните рече дека Иран во следните два или три месеци може да се соочи со некои проблеми, но дека брзо ќе ги надмине.
„Ние треба да застанеме цврсто на сопствени нозе, без разлика дали нашата земја е под ембарго или не“, рече Рухани.
Истакнувајќи дека Иран сака да изгради конструктивни односи со остатокот од светот, Рухани рече дека Техеран секогаш ќе се грижи за националните интереси.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да ја соопшти конечната одлука за оставка или повлекување на САД од меѓународниот договор постигнат пред три години со Иран.
Тој за време на предизборната кампања изјави дека тоа е најлошиот договор во историјата на САД.