Cüneyt Karadağ
23 Јануари 2020•Ажурирај: 24 Јануари 2020
БЕРЛИН (АА) - Германските власти го забранија дејствувањето на радикалната десничарска организација „Комбат 18“, јавува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за внатрешни работи на Германија соопшти дека „Комбат 18“ е ставена на листата забранети организации и здруженија поради кршење на законските норми за ненасилно дејствување.
Ресорниот министер Хорст Зихофер соопшти дека германската полиција спровела паралелни рации во шест покраини, и дека од слобода е лишен водачот на неонацистичката група „Комбат 18“, Стенли Р.
„Во нашето општество нема место за десничарски радикализам и антисемитизам“, порача Зихофер.
Тој рече дека убиствата кои ги извела терористичката група НСУ, атентатот на гувернерот на Касел, Волтер Лубке и терористичкиот напад во Хале, се потврда дека десничарскиот радикализам и антисемитизмот се сериозни закани за слободното општество.
Зихофер за забранетата организација „Комбат 18“ рече дека таа е радикалнодесничарска, расистичка, ксенофобна и неонацистичка организација.