Yusuf Hatip
23 Јануари 2020•Ажурирај: 24 Јануари 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) упати апел до Асадовиот режим и неговите поддржувачи за ставање крај на нападите врз цивилите во Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, во писмено соопштение нагласи дека во нападите извршени во последните денови во северозападниот дел на Сирија од страна на силите на режимот и неговите сојузници, загинаа 39 лица, меѓу кои жени и деца.
Тој истакна дека примирјето е повторно прекршено, и дека 350.000 цивили во регионот се раселени.
Стано нагласи дека не се прифатливи воздушните напади и бомбардирања врз цивилите во Идлиб, упатувајќи апел за ставање крај на овие напади.
„Сѐ додека траат овие напади, ЕУ ќе ги продолжи санкциите против Асадовиот режим“, нагласи Стано, укажувајќи на важноста на формирање хуманитарни коридори.