Sümeyye Dilara Dinçer
20 Февруари 2021•Ажурирај: 20 Февруари 2021
ЊУЈОРК
Американските власти соопштија дека ограничувањата за патување преку копнените граници со Канада и Мексико, што се затворени поради пандемијата од коронавирусот (Ковид-19), ќе бидат продолжени до 21 март, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Белата куќа е соопштено дека копнените граници на САД со овие два соседа и понатаму ќе останат затворени, освен за есенцијални патувања.
Одлуката за продолжување од 30 дена, што е предвидено да трае до 21 март, беше прва мерка за ограничување на копнените граници откако претседателот Џо Бајден официјално стапи на должност.
Со одлуката донесена на 26 јануари, Бајден ги обврза сите патници што доаѓаат со авион да достават негативни резултати на тестот за Ковид-19, не постари од три дена, но одлуката не ги вклучуваше премините преку копнените граници.
Одлуката за ограничување на патувањата преку копнените граници на САД прв пат е донесена на 21 март 2020 година, по што е продолжувана по 30 дена.
САД се земја во светот со најголем број случаи на Ковид-19 и најголем број смртни случаи поврзани со оваа болест. Во таа земја досега се забележани 28.551.303 заразени и 506.180 починати.