Ekipa
06 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
АТИНА (АА) - Грција прогласи за персона нон грата 12 члена на руските дипломатско-конзуларни претставништва во таа земја, соопшти денеска грчкото Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Одлуката е донесена во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година и Виенската конвенција за конзуларни односи од 1963 година“, се вели во соопштението.
Неколку европски земји, вклучително и Франција, Германија, Италија и Шпанија, протераа руски дипломати во последните денови поради војната на Русија против Украина.