Furkan Naci Top
18 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
АТИНА (АА) - Поморските работници во Грција стапија во еднодневен штрајк, јавува Anadolu Agency (AA).
Поморската федерација на Грција соопшти дека донела одлука за стапување во штрајк, во знак на протест на Нацрт-законот на Владата, кој предвидува бродовите под странско знаме да учествуваат во транспорт во внатрешниот поморски сообраќај на Грција.
Федерацијата ги критикуваше и посебните услови за прием на персонал за бродовите кои се обраќаат на релацијата Грција-Италија.
Поради штрајкот, во цела Грција бродовите останаа укотвени на пристаништата и прекината е поморската врска меѓу копното и грчките острови.