Furkan Naci Top
06 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
АТИНА (AA) - Вработените од јавниот здравствен сектор во Грција стапија во еднодневен штрајк за да го изразат незадоволството поради лошите услови за работа и недоволниот број на медицински персонал во болниците во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Вработените на државните болници во Атина во штрајк стапија во период од 7 до 11 часот додека вработените во болниците во другите делови од земјата стапија во 24 часовен штрајк.
На покана од Синдикатот на вработените во грчките болници, медицинскиот персонал кој стапи во штрајк денес се собра во Атина и протестираше пред седиштето на грчкото Министерство за здравство.
Демонстрантите бараат подобрување на условите за работа, зголемување на финансиите и зголемување на бројот на вработените во болниците.
За да укажат на недостатокот на возилата на итна медицинска помош, демонстрантите на платото донесоа запрежна кола со макети на пациенти на нив.
Протестите поминаа без инциденти и со засилени безбедносни мерки.