Saadet Gökce
07 Ноември 2025•Ажурирај: 08 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Дваесет лица – 15 ученици и пет наставници – се повредени денес по неколку експлозии што се случиле во џамијата во рамките на едно средно училиште во индонезиската престолнина за време на петочната молитва, јавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Инцидентот се случил во државно средно училиште во северна Џакарта околу 12:30 часот по локално време, објави „Џакарта глоуб“, повикувајќи се на полициски извори.
Поголем дел од повредените добиле полесни и неопасни повреди предизвикани од парчиња стакло и од ударниот бран на експлозијата.
По инцидентот, на местото пристигнала единица за деминирање што извршила детална инспекција на областа.
Властите сè уште ја истражуваат точната причина за експлозиите, но првичните информации укажуваат дека можни сценарија се краток спој, дефект на електронски уред или домашно изработена експлозивна направа.
Според извештаите, во близина на местото биле пронајдени сомнителни предмети – делови што личат на рачно изработено експлозивно средство далечински управувач, огнено оружје и револвер.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и дека сите докази ќе бидат испитани од форензичари и експерти за деактивирање бомби.