Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
05 Март 2021•Ажурирај: 07 Март 2021
ИДЛИБ (АА) - Двајца цивили ги загубија своите животи, а двајца се повредени во нападите врз населените места од страна на терористичките групи контролирани од режимот на Асад и неговите приврзаници во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Војската на режимот Асад стационирана во градот Кефренбил, во југозападниот дел на Идлиб, и режимските сили составени од странски терористички групи поддржани од Иран го нападнаа селото Бизебур кое се наоѓа во близина на автопатот М4 на југот на Идлиб.
Во нападот животот го загубија двајца цивили, додека двајца повредени цивили се пренесени во болниците во околината.
- Ситуацијата во Идлиб -
Со посредство на Турција, Русија и Иран, за време на мајските преговори во 2017 година во Астана, Идлиб беше прогласен за една од четирите зони на деескалација.
Силите лојални на режимот на Асад го прекршија договорот и зазедоа три зони, а во Сочи на 17 септември 2018 година беше постигнат дополнителен договор за примирје во Идлиб и за воспоставување деескалациска зона.
Турција во септември 2018 година во Сочи заедно со Русија се договорија за зајакнување на Договорот за прекин на огнот.
Русија и режимските сили започнаа операции за заземање на целиот регион во мај 2019 година и зазедоа неколку големи населби во деескалациската зона во Идлиб.
Конечно, во Москва на 5 март 2020 година беше постигнат нов договор меѓу Турција и Русија.
Примирјето, што режимските сили повремено го кршеа, во голема мера се применува.
Во периодот 2017 - 2020 година, речиси 2 милиони цивили беа принудени да мигрираат во регионите близу до границата со Турција поради нападите на режимските сили и Русија.