Haydar Karaalp
05 Март 2021•Ажурирај: 06 Март 2021
БАГДАД (АА) - Духовниот лидер на католичкиот свет, папата Франциск, пристигна во ирачкиот главен град Багдад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ирачката државна новинска агенција, авионот на Папата слетал на Меѓународниот аеродром во Багдад.
Папата на овој аеродром со официјална церемонија беше пречекан од премиерот на Ирак, Мустафа ел Казими.
Тој ќе оствари средба со Kазими на аеродромот.
По средбата со Казими, Папата ќе премине во Претседателската палата во Багдад, каде што со официјална церемонија ќе биде пречекан од ирачкиот претседател Берхем Салих.
Папата Франциск и Берхем Салих ќе одржат тет-а-тет средба.
Во овие рамки, Папата ќе се сретне и со претставниците на невладините организации, како и со дипломатите.
Папата Франциск е првиот папа во историјата кој реализирал посета на Ирак.
Посетата на папата Франциск на Ирак се планира да заврши на 8 март.