Ömer Koparan,Selen Temizer
03 Јули 2019•Ажурирај: 04 Јули 2019
АЛ БАБ
Во северниот дел на Сирија, во подрачјето на Ал Баб се случија две истовремени експлозии во кои загинаа двајца цивили, а 28 цивили се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во центарот на Ал Баб и во Појасот Кабасин, кој се наоѓа во неговото подрачје, се случија две истовремени експлозии.
Нападите се изведени со мотоцикли натоварени со експлозив.
Експлозијата во Ал Баб се случи во близина на џамијата „Омер бин Хатаб“. Експлозијата одзеде 2 живота, а повредени се 15 лица, од кои двајца потешко. Оштета претрпе и џамијата, која беше поправена од страна турската фондација „Дијанет“.

Во експлозијата на мотоцикл во Појасот Кабасин, повредени се 13 лица, од кои двајца потешко. Екипите на Цивилната одбрана се бореа со огнот што избувна по експлозијата, а безбедносните сили ги зголемија превентивните мерки.
Претставниците на безбедносните сили се на мислење дека е голема веројатноста нападот да е изведен од страна на терористите на ЈПГ/ПКК.
Во февруари 2017 година, во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, од подрачјето на Ал Баб беа отстранети терористите, но бидејќи се наоѓа во подрачјето помеѓу местата Мунбич и Тел Рифат, Ал Баб е често е цел на терористички напади.