İdiris Okuduci,Rewa Mahmood Hasan,Hawkar Yaseen M Amin Mohammed Amin
08 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
СУЛЕЈМАНИЈЕ
Две лица, од кои едно дете загинаа како резултат на отворен оган на демонстрациите кој се одржуваат против администрацијата на Регионалната курдска управа на северен Ирак (IKBY), во градот Сулејманије, Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, врз демонстрантите е отворен оган за време на протестите одржани во градот Текје во Сулејманија.
Демонстрантите протестираат поради доцнењето на платите на државните службеници.
Во Ирак исто така демонстрации се разгорени и во областа Halabja. Демонстрантите се собраа се собраа во маалото Тазе и ја запалија зградата на Демократската партија на Курдистан (KDP), чиј лидер е Месут Барзани.
Демонстрантите ја запалија и зградата на дирекцијата за образование во областа Шарезур во Сулејманије.
Администрацијата на Регионалната курдска управа на северен Ирак (IKBY) се уште на даде официјална изјава во врска со убиството на демонстрантите и палењето на зградите.
Исто така вчера 2 лица загинаа како резултат на отворен оган на протестите што се разгореа во Сулејманије.