Sayed Khodaberdi Sadat
30 Април 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
КАБУЛ (АА) - Бројот на загинатите во двојниот бомбашки напад, што се случи во авганистанскиот главен град Кабул, се искачи на 25 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Неџиб Даниш, во изјава за АА истакна дека бомбаш самоубиец на мотор предизвикал експлозија во подрачјето на Шаш Дарак.
„Втората експлозија се случи во истото подрачје кога новинарите се собраа да снимаат и да известат за првата експлозија“, соопшти Даниш, истакнувајќи дека цел на овој напад биле новинарите.
Портпаролот на Министерството за здравство, Вахид Меџрух, рече дека во двојниот напад загинале 25 лица, а 49 се ранети, меѓу кои неколку се наоѓаат во тешка состојба.
Миџип Халватгер, претседател на Институцијата за поддржување на независниот медиум на Авганистан, нагласи дека осум новинари го загубија својот живот, меѓу кои и Шах Мараи, фоторепортер на AFP.
Очевидците велат дека вториот напад го извршил напаѓач преправен како новинар, кој експлозивот го сокрил во камерата и го активирал меѓу новинарите.
Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за нападите.