Ekip
05 Јануари 2019•Ажурирај: 06 Јануари 2019
ПАРИЗ (АА) - Стотици демонстранти во Париз и низ Франција се обидуваат да го оживеат движењето „Жолти елеци“, но бројот на учесниците и понатаму опаѓа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Засега нема известување за насилството на протестите на „Жолтите елеци“, кои се одржуваат осма сабота по ред, за разлика од собирањето кон крајот на ноември и во почетокот на декември минатата година, кои се претворија во хаотично улично насилство.
Оваа сабота сите метро линии во Париз се отворени. Властите ги предупредија демонстрантите дека нема да толерираат незаконски активности. Еден од водачите на движењето, Ерик Друе, уапсен е во текот на неделата поради наводно организирање илегални демонстрации.
Во петокот, Бенџамин Гриво, портпаролот на Владата на Франција, изјави дека оние кои и понатаму протестираат, „сакаат бунт“.
Движењето доби име по флуоросцентните елеци, кои по закон во автомобилите мора да ги имаат сите возачи во Франција. „Жолтите елеци“ ги започнаа протестите кон средината на ноември минатата година поради најавата на француските власти дека ќе го зголемат данокот на горивото.