Ekip
25 Март 2025•Ажурирај: 27 Март 2025
НАНГАРХАР (АА) - Во туларниците во авганистанската провинција Нангархар секојдневната борба за опстанок станува сѐ потешка, јавува Анадолу.
Децата и возрасните работат во тешки услови обидувајќи се да заработат доволно за основните животни потреби.
На фотографиите направени во областа Сурх Род се прикажани цели семејства, вклучително и деца, кои работат на печки за тули, носат тешки товари, изложени на прав и високи температури.
Детскиот труд и понатаму е широко распространет проблем во Авганистан, при што многу семејства се принудени да ги праќаат своите деца на физичка работа во опасни средини.
Додека меѓународните организации ги повикуваат властите да преземат акција, семејствата погодени од сиромаштија продолжуваат да се потпираат на секој извор на приход, без оглед на тешките услови за работа.