Alma Çekovic
30 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
РИМ (AA) - Италијанската крајбрежна стража соопшти дека околу 6.500 мигранти се спасени во една од најголемите акции од таков вид досега, организирана денес долж либискиот брег на Средоземното Море, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во текот на денот извршени се околу 40 координирани акции на спасување, на 20 километри од градот Сабрата, на северозападот од земјата, се наведува во соопштението.
„Би-би-си“ јавува дека мигрантите, за кои се наведува дека повеќето се од Еритеја и од Сомалија, скокале во вода и пливале сѐ до спасувачките бродови, додека останатите ги држеле бебињата и децата на бродот.
Во неделата, повеќе од 1.100 мигранти биле спасени во истиот регион.
Нестабилната политичка и безбедносна состојба во Либија ја претвори оваа земја во транзитен простор за криумчарење со луѓе. Илјадници бегалци од Африка и од Блискиот Исток преку Средоземното Море се обидуваат да заминат во Европа, што често има смртни последици.