Esat Fırat
24 Јануари 2020•Ажурирај: 26 Јануари 2020
ЕРУСАЛИМ (AA) - Еврејските доселеници запалија џамија во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс) и на нивните ѕидови испишаа расистички пораки, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на израелската полиција е наведено дека е запалена џамија во квартот Бејт Сафафа, во Источен Ерусалим, а на ѕидовите се напишани пораки со расистичка содржина.
Во пожарот изгоре еден дел од џамијата, а полицијата во врска со овој случај покрена истрага.
Според изјавите на очевидците, станува збор за џамијата Бедрије а ја запалија еврејските доселеници. Оганот е изгасен откако во гаснењето се вклучија и локалните жители.
Се наведува дека станува збор за радикална еврејска група која изведува различни напади во Источен Ерусалим, на Западниот брег, како и на другите палестински села и градови.