Eshat Fırat
22 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
НАБЛУС (АА) - Група еврејски доселеници го нападнаа палестинското село Бурин, близу градот Наблус, кој се наоѓа во северниот дел на Западниот Брег, при што едно лице е повредено, јавува Anadolu Agency (AA).
Гасан Даглас, одговорен за податоците за еврејските населени места во северниот дел од Западниот Брег, во својата изјава за АА истакна дека во извршениот напад од страна на еврејските населеници, повреден е палестинскиот активист Мунир Кадус, а оштетен е автомобилот на еден друг активист, Зекерија Суде.
Понекогаш се случуваат судири меѓу еврејските доселеници и жителите на селото Бурин, кое е обиколено со еврејски населби.
Претходно еврејските доселеници извршија напад врз палестинско село во Наблус, и ги запалија возилата на Палестинците, а во четвртокот отворија оган врз Палестинците кои протестираа во знак на солидарност за палестинските затвореници, при што еден Палестинец го загуби животот.