Mehmet Yılmaz
22 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
БУДИМПЕШТА (АА) - Во Будимпешта, главниот град на Унгарија, беа организирани демонстрации во врска со нацрт-законот за невладините организации и за Законот за заштита на просветната автономија, јавува Anadolu Agency (AA).
Илјадници луѓе се собраа на еден од најзначајните плоштади во градот, „Кошут“, и бараа повлекување на предлог-законот.
Мате Ленгел, од Универзитет за блискиоисточн студии (CEU) и Универзитетот Кембриџ при неговото обраќање пред демонстрациите го критикуваше законот за високото образование кој Националното собрание на Унгарија го усвои во изминатиот период.
Ленгел истакна дека вработените на унгарските универзитети се против овој закон.
Демонстрантите, освен знамето на Унгарија и на Европската Унија (ЕУ), носеа и транспаренти на кои пишуваше „Да го сопшреме Орбан“ и „Слобода за образованието“.
Измената на Законот за високото образование, која е усвоена на 4 април, во Унгарија го влоши делувањето на организациите кои даваат дипломи од други земји.