Ekip
12 Август 2018•Ажурирај: 13 Август 2018
КАИРО (AA) - Египетскиот Суд осуди пет лица, вклучувајќи го и лидерот на „Муслиманско братство“ на доживотна казна затвор, поради обвиненија за насилство, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е последната од неколкуте доживотни казни за Мохамед Бади, кој е осуден на смрт во одделни судења од неговото апсење во 2013 година. Обвиненијата вклучуваат поттикнување насилство и планирање напади на државата.
Кривичниот суд во Каиро, денес (недела) осуди четири лица на казна затвор помеѓу 10 и 15 години по исти обвиненија, кои се однесуваат на убиство на седум лица во 2013 година. На пресудите не може да се поднесе жалба.
Случајот е поврзан со насилствата кои избувнаа во Египет откако Војската го сруши демократски избраниот претседател Мохамед Морси, среде масовните протести пред пет години.
Во август во 2013 година, безбедносните сили на Египет убија стотици луѓе кога се обидоа да ги растераат собраните граѓани.